Нов Завет

Лука 2:49-52 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

49. Тој им одговори: „Зошто сте Ме барале? Зар не знаевте дека Јас треба да бидам во служба на Мојот Татко!?“

50. Но тие не го разбраа Неговиот одговор.

51. Потоа Исус се врати со нив во Назарет и им беше послушен. Мајка му грижливо ги редеше во своето срце сите овие случки.

52. Исус растеше и напредуваше во мудрост, здобивајќи се со благонаклоност и кај Бог и кај луѓето.

Прочитајте целосна глава Лука 2