Нов Завет

Лука 19:43-48 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

43. Ќе дојде време кога твоите непријатели ќе те опколат со барикади, ќе те стават под опсада и ќе те затворат од сите страни.

44. До темел ќе те разурнат и ќе ги погубат твоите жители, ниту камен врз камен нема да остават, сe поради тоа што ти не го препозна времето кога Бог те посети за да ти понуди спасение!“

45. Потоа Исус влезе во храмот и почна да ги исфрла оние што таму тргуваа,

46. велејќи: „Во Светото Писмо стои напишано дека Бог рече: ,Мојот храм нека биде место за молитва‘, а вие го претворивте во разбојничко дувло!“

47. Исус поучуваше во храмот секој ден. А свештеничките поглавари, вероучителите и водачите на народот настојуваа да Го убијат,

48. но не наоѓаа погоден начин, зашто сиот народ Го слушаше и не сакаше да пропушти ниту збор.

Прочитајте целосна глава Лука 19