Нов Завет

Лука 19:25-40 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

25. Тие му рекоа: ,Господару, тој веќе има десет сребреници!‘

26. Но тој им одговори: ,Ве уверувам, дека, на оној што веќе има спечалено нешто, ќе му се даде уште, а од оној што нема спечалено ништо, ќе му се одземе и тоа што го има!

27. А сега, доведете ги и погубете ги пред мене сите мои непријатели, кои се противеа на моето царување над нив!‘“

28. Завршувајќи го излагањето, Исус, на чело на народот, продолжи да се искачува кон Ерусалим.

29. Кога се приближи до Бетфага и Бетанија, на Маслиновата Гора, испрати двајца од Своите ученици

30. и им рече: „Одете до селото што е пред вас. На влезот во селото ќе најдете врзано младо магаре кое никој досега не го јавал. Одврзете го и доведете го.

31. Ако некој ве праша: ,Зошто го одврзувате?‘, кажете му дека Му е потребно на Господ.“

32. Тие заминаа и најдоа сe како што им беше кажал Исус.

33. Кога го одврзуваа магаренцето, неговите сопственици ги прашаа: „Зошто го одврзувате магаренцето?“

34. Тие одговорија: „Потребно Му е на Господ!“

35. и го доведоа кај Исус, ги положија своите облеки врз магаренцето, па Го качија Исуса.

36. Додека Тој јаваше, народот ги постилаше своите облеки по патот.

37. Кога се доближи до Ерусалим, на падините на Маслиновата Гора, големиот број Негови ученици почнаа радосно и гласно да пеат, славејќи Го Бога за сите величествени нешта што ги беа виделе, велејќи:

38. „Благословен нека биде Царот, Кој доаѓа во името на Господ! Мир на небото и слава на Бог во височините!“

39. Тогаш, некои од фарисеите кои се најдоа меѓу народот, Му рекоа: „Учителе! Нареди им на Твоите ученици да замолкнат!“

40. Исус им одговори: „Да ви кажам нешто: Ако тие замолкнат, камењата ќе извикуваат!“

Прочитајте целосна глава Лука 19