Нов Завет

Лука 19:2-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. Одеднаш, Му пристапи еден човек, по име Закеј, кој беше богат даночен управник.

3. Тој се обидуваше да види како изгледа Исус, но беше низок по раст и од многубројниот народ не можеше да Го види.

4. Затоа, тој истрча пред народот и се искачи на една дива смоква крај која требаше да помине Исус, за да Го види.

5. Кога Исус втаса до тоа место, погледна нагоре и му рече: „Закеј! Слези брзо! Денес доаѓам во твојот дом!“

6. Закеј бргу слезе и сиот радосен Го прими Исуса на гости во својот дом.

7. Сите што го видоа ова, почнаа да негодуваат, велејќи: „Отиде на гости кај грешен човек!“

8. Закеј стана и Му рече на Господ Исус: „Господе! Еве, половината од мојот имот ќе им ја разделам на сиромасите, а доколку некого сум оштетил ќе му надоместам четирикратно!“

9. Во одговор, Исус рече: „Денес во овој дом пристигна спасението; зашто овој човек покажа дека е чедо Авраамово.

10. А Јас, Синот Човечки, дојдов за да ги барам и да ги спасам оние што се загубени.“

11. Додека народот го слушаше ова излагање, Исус во продолжение им раскажа уште една споредба. Причината беше тоа што луѓето мислеа дека сега ќе биде воспоставено Божјото царство, бидејќи Исус веќе се приближуваше кон Ерусалим.

12. Тој им рече: “Еден човек, од благородничко потекло, се упати во една далечна земја, каде што требаше да биде прогласен за цар, а потоа планираше да се врати.

13. Пред да замине, тој ги повика своите десет слуги, им даде десет големи сребреници, па им рече: ,Тргувајте со овие пари додека се вратам.‘

14. Неговите сограѓани го мразеа овој човек и по него испратија гласници да порачаат: ,Не сакаме тој да царува над нас!‘

15. Човекот сепак беше прогласен за цар и се врати во својот крај. Веднаш заповеда да ги повикаат слугите на кои им ги беше дал парите, за да чуе кој колку спечалил.

Прочитајте целосна глава Лука 19