Нов Завет

Лука 19:19-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Господарот и нему му одговори: ,Тебе те поставувам за управител над пет градови!‘

20. Дојде и третиот слуга и рече: ,Господару! Еве ти го назад твојот сребреник. Го чував врзан во шамиче,

21. зашто се плашев од тебе, знаејќи дека си строг човек: земаш од каде што не си вложил и жнееш каде што не си сеел!‘

22. Но Господарот му рече: ,Расипан слуго! Твоите зборови ќе ги искористам за да те осудам! Кога си знаел дека сум строг човек и дека земам од каде што не сум вложил и жнеам каде што не сум сеел,

23. зошто не го вложи мојот сребреник во некоја банка, па кога ќе се вратев, ќе си го подигнев со камата!?‘

24. Потоа, господарот им рече на оние околу него: ,Земете го сребреникот од него и дајте му го на оној што има десет сребреници!‘

25. Тие му рекоа: ,Господару, тој веќе има десет сребреници!‘

26. Но тој им одговори: ,Ве уверувам, дека, на оној што веќе има спечалено нешто, ќе му се даде уште, а од оној што нема спечалено ништо, ќе му се одземе и тоа што го има!

27. А сега, доведете ги и погубете ги пред мене сите мои непријатели, кои се противеа на моето царување над нив!‘“

28. Завршувајќи го излагањето, Исус, на чело на народот, продолжи да се искачува кон Ерусалим.

Прочитајте целосна глава Лука 19