Нов Завет

Лука 19:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Исус влезе во Јерихо и мина низ градот.

2. Одеднаш, Му пристапи еден човек, по име Закеј, кој беше богат даночен управник.

3. Тој се обидуваше да види како изгледа Исус, но беше низок по раст и од многубројниот народ не можеше да Го види.

4. Затоа, тој истрча пред народот и се искачи на една дива смоква крај која требаше да помине Исус, за да Го види.

5. Кога Исус втаса до тоа место, погледна нагоре и му рече: „Закеј! Слези брзо! Денес доаѓам во твојот дом!“

Прочитајте целосна глава Лука 19