Нов Завет

Лука 18:1-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Потоа Исус им ја кажа следнава споредба, за да им покаже дека треба постојано да се молат и да не се обесхрабруваат.

2. „Во еден град имаше судија кој немаше ни страхопочит спрема Бог, ни срам од луѓето.

3. Во истиот град имаше и една вдовица, која честопати доаѓаше кај него и го молеше: ,Заштити ме од мојот противник!‘

4. Судијата долго време не преземаше ништо, но најпосле си рече: ,Иако јас немам ни страхопочит спрема Бог, ни срам од луѓето,

5. сепак, заради упорноста на оваа жена ќе се заложам за неа, за да престане да доаѓа и да ми додева!‘“

6. Во продолжение, Господ рече: „Чувте ли што рекол неправедниот судија?

7. Зар нема и Бог да се заземе за Своите луѓе, кои Му се молат дење и ноќе!? Зар ќе задоцни со Својата помош?

8. Ве уверувам дека Тој брзо ќе се заземе за нив! Само, ќе најдам ли Јас, Синот Човечки, луѓе што ќе имаат вера кога ќе се вратам на Земјата?“

9. За оние што беа самоуверени во својата праведност и ги потценуваа другите, Исус ја кажа следнава споредба:

Прочитајте целосна глава Лука 18