Нов Завет

Лука 17:9-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

9. Зар му должите благодарност на слугата што ја извршил вашата заповед?

10. И вие сте во слична положба: ако го извршите сето она што ви е заповедано, можете само да кажете: ,Ние сме само слуги кои си ја вршат својата должност, свесни дека за тоа не ни следува никаква пофалба.‘“

11. На Својот пат кон Ерусалим, Исус минуваше по должината на границата меѓу Самарија и Галилеја.

12. Токму кога влегуваше во едно село, Го пресретнаа десет заболени од лепра. Застанаа на извесно растојание

13. и повикаа: ,Исусе! Господару! Имај милост спрема нас!‘

Прочитајте целосна глава Лука 17