Нов Завет

Лука 17:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Еден ден, Исус им се обрати на Своите ученици: „Искушенија што наведуваат на грев секогаш ќе има, но тешко на оној преку кого доаѓаат!

2. Подобро би било да му врзат воденички камен околу вратот и да го фрлат в море, отколку да наведе на грев некое малечко.

3. Внимавајте на себе! Ако ти згреши братот, укори го, па ако се покае - прости му.

4. Дури и седумпати на ден ако ти згреши и секојпат дојде кај тебе и ти рече: ,Се каам‘ - прости му.“

5. Апостолите Го замолија Господ Исус: „Зголеми ја верата во нас!“

6. А Исус им одговори: „Ако имате вистинска вера само колку едно синапово зрно, би можеле да и кажете на оваа црница: ,Искорни се и пресади се в море!‘ - и таа ќе ве послуша!“

Прочитајте целосна глава Лука 17