Нов Завет

Лука 15:16-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

16. Страден беше да си го наполни стомакот со желадите што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше.

17. Конечно, тој се свести и рече: ,Сите наемници кај татко ми имаат храна во изобилство, а јас овде гладувам!

18. Ќе станам, ќе појдам кај татко ми, и ќе му речам: ,Татко, ви згрешив и на Бог и тебе!

19. Повеќе не сум достоен да се нарекувам твој син. Прими ме кај тебе како наемник!‘

20. Така тој стана и се упати кај татка си. Додека тој беше уште далеку, таткото го здогледа како доаѓа. Му падна жал и му притрча во пресрет, го гушна и го бакна.

21. Синот почна да му зборува, велејќи: ,Татко, ви згрешив и на Бог и тебе! Повеќе не сум достоен да се нарекувам твој син ...‘

22. Но таткото го прекина, заповедајќи им на своите слуги: ,Донесете ја бргу најдобрата облека и облечете го! Ставете му и прстен на раката и обувки на нозете!

23. Доведете го најдоброто теле, заколете го - да јадеме и да го прославиме ова,

24. зашто, овој син беше мртов за мене, а сега оживе; беше загубен, а сега е најден!‘ И така започна прославата.

Прочитајте целосна глава Лука 15