Нов Завет

Лука 15:10-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. Ве уверувам, дека, на сличен начин, Божјите ангели се веселат за еден грешник кој преку покајание се враќа кај Бог.“

11. Исус продолжи: „Еден човек имаше два сина.

12. Дојде кај него помладиот син и му рече: ,Татко, дај ми го мојот дел од имотот, сега!‘ И таткото им го раздели имотот.

13. По неколку дни помладиот син го продаде својот дел и замина со парите во далечна земја. Таму ги потроши сите пари, живеејќи во разврат.

14. Кога потроши сe што имаше, земјата ја зафати голем глад и тој се најде во немаштија.

Прочитајте целосна глава Лука 15