Нов Завет

Лука 13:13-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Потоа ги стави рацете врз неа и таа веднаш се исправи, па почна да го прославува Бога.

14. Но управникот на синагогата се налути и му рече на насобраниот народ: „Има шест дена за работа! Тогаш доаѓајте и исцелувајте се, а не во сабота!“

15. А Исус му одговори: „Колку сте лицемерни! Сите вие си ги одврзувате волот и магарето од јаслите и ги водите на поење и во сабота,

16. а се противите на ослободувањето од болеста во сабота на оваа ќерка Авраамова, која Ѓаволот веќе осумнаесет години ја држи врзана!“

Прочитајте целосна глава Лука 13