Нов Завет

Лука 13:12-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. Штом ја забележа, Исус ја повика кај Себе и и рече: „Жено, те ослободувам од твојата болест!“

13. Потоа ги стави рацете врз неа и таа веднаш се исправи, па почна да го прославува Бога.

14. Но управникот на синагогата се налути и му рече на насобраниот народ: „Има шест дена за работа! Тогаш доаѓајте и исцелувајте се, а не во сабота!“

15. А Исус му одговори: „Колку сте лицемерни! Сите вие си ги одврзувате волот и магарето од јаслите и ги водите на поење и во сабота,

Прочитајте целосна глава Лука 13