Нов Завет

Лука 13:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Во тоа време дојдоа некои луѓе кај Исус и Му кажуваа за група Галилејци што ги убил Пилат додека тие принесувале жртви во ерусалимскиот храм, така што нивната крв се измешала со крвта на жртвите.

2. А Тој им рече: „Немојте да мислите дека овие Галилејци биле најгрешните луѓе меѓу Галилејците, затоа што настрадале на ваков начин!

3. Не, туку, и вам ви велам: ако не се покаете - сите ќе изгинете така!

4. И немојте да мислите дека оние осумнаесетмина што беа згмечени кога врз нив падна кулата во Шилоах беа најгрешни меѓу жителите на Ерусалим!

5. Ви велам дека не беа најгрешни, но ако не се покаете - сите ќе изгинете така!“

6. Потоа Исус им ја кажа оваа споредба: „Еден човек имаше во лозјето насадено смоква. Кога дојде да набере плод од неа - не најде.

7. Тогаш му рече на лозарот: „Еве, веќе три години по ред доаѓам и барам плод на оваа смоква, но плод нема; затоа - пресечи ја! Зошто само да ја испостува земјата?“

Прочитајте целосна глава Лука 13