Нов Завет

Лука 10:5-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. При влегувањето во секоја куќа, најпрво благословете со зборовите: ,Мир да има во оваа куќа!‘

6. Ако во таа куќа живее мирољубив човек, мирот навистина ќе му остане; ако не, повлечете го благословот за мир.

7. Задржете се во истата куќа, јадете и пијте од она што имаат да ви дадат, зашто тој што работи ја заслужува својата плата. Не шетајте од куќа до куќа.

8. Кога ќе влезете во некој град каде што ќе ве примат, јадете од тоа што ќе ви го принесат.

9. Исцелувајте ги болните во тој град и зборувајте му на народот: ,Божјото царство допре и до вас!‘

10. Кога ќе стигнете во некој град каде што нема да ве примат, излезете на улиците и речете им:

11. ,Ви го истресуваме дури и правот од вашиот град, што ни се прилепил за нозете! Но, да знаете дека Божјото царство се доближи и до вас!‘

12. Ве уверувам дека на Судниот ден ќе му биде полесно на Содом, одошто на тој град!“

Прочитајте целосна глава Лука 10