Нов Завет

Лука 10:2-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. Им рече: „Има голема жетва за собирање, а работници има малку. Затоа, молете Го Господарот на жетвата да испрати работници на Својата нива.

3. Одете! Ве испраќам како јагниња меѓу волци.

4. Не носете со себе ни ќесе со пари, ни торба, ни обувки! Не застанувајте по пат, дури ни за да се поздравите со некого.

5. При влегувањето во секоја куќа, најпрво благословете со зборовите: ,Мир да има во оваа куќа!‘

6. Ако во таа куќа живее мирољубив човек, мирот навистина ќе му остане; ако не, повлечете го благословот за мир.

7. Задржете се во истата куќа, јадете и пијте од она што имаат да ви дадат, зашто тој што работи ја заслужува својата плата. Не шетајте од куќа до куќа.

8. Кога ќе влезете во некој град каде што ќе ве примат, јадете од тоа што ќе ви го принесат.

9. Исцелувајте ги болните во тој град и зборувајте му на народот: ,Божјото царство допре и до вас!‘

10. Кога ќе стигнете во некој град каде што нема да ве примат, излезете на улиците и речете им:

11. ,Ви го истресуваме дури и правот од вашиот град, што ни се прилепил за нозете! Но, да знаете дека Божјото царство се доближи и до вас!‘

12. Ве уверувам дека на Судниот ден ќе му биде полесно на Содом, одошто на тој град!“

Прочитајте целосна глава Лука 10