Нов Завет

Лука 10:15-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. А ти, граде Кафарнауме, што се креваш на високо, дури до небото - ќе се струполиш до адот!

16. Исус им рече на Своите ученици: „Оној што вас ве слуша - Мене Ме слуша. Оној што вас ве отфрла - Мене Ме отфрла; а оној што Мене Ме отфрла - Го отфрла Бога, зашто Тој Ме испрати!“

17. Седумдесеттемина се вратија радосни, велејќи: „Господе, преку Твоето име нам ни се покоруваат и демонските духови!“

Прочитајте целосна глава Лука 10