Нов Завет

Лука 1:70-75 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

70. Како што одамна ни беше ветил, преку устите на Своите пророци,

71. дека ќе нe спаси од нашите непријатели и од рацете на оние што нe мразат,

72. дека ќе им се смилува на нашите предци и ќе Си спомне за Својот свет Завет.

73. Тој со заклетва му вети на нашиот прататко Авраам

74. дека ќе нe избави од нашите непријатели и ќе ни овозможи да Му служиме на Бога без страв,

75. за да бидеме свети и праведни пред Него во текот на целиот наш живот.

Прочитајте целосна глава Лука 1