Нов Завет

Лука 1:65-69 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

65. По ова страв завладеа меѓу луѓето во тој крај, а за овие случки се расправаше по сиот планински предел на Јудеја.

66. Сите што ќе слушнеа за ова размислуваа и се прашуваа: „Што ли ќе биде од ова дете!?“, зашто беше очигледно дека со него беше силата Господова.

67. Тогаш Захарија, таткото на Јован (Крстител), се исполни со Свет Дух и го изрече ова пророштво:

68. Слава нека Му е на Господ, Израеловиот Бог, Кој му дојде на помош на Својот народ и го избави!

69. Тој ни подигна моќен Избавител од потомците на Својот слуга Давид.

Прочитајте целосна глава Лука 1