Нов Завет

Лука 1:40-46 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

40. Влегувајќи во куќата на Захарија, се поздрави со Елисавета.

41. Штом Елисавета го чу поздравот на Марија, детето во нејзината утроба се размрда. Елисавета се исполни со Светиот Дух,

42. и гласно рече: „Ти си најблагословена од сите жени и благословено е Детето што е зачнато во тебе!

43. Како токму кај мене да дојде мајката на мојот Господ!?

44. Штом го чув твојот поздрав, детево во мојава утроба се размрда од радост!

45. Благословена си, зашто поверува дека ќе се исполни тоа што Господ го кажал!“

46. Марија рече: “Душава моја Го слави Господа;

Прочитајте целосна глава Лука 1