Нов Завет

Лука 1:38-44 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

38. Тогаш Марија му рече: „Јас Му стојам на услуга на Господ; нека се исполни со мене она што го кажа ти.“ По ова, ангелот си замина.

39. Набргу потоа, Марија побрза кон еден град во планинските предели на Јудеја.

40. Влегувајќи во куќата на Захарија, се поздрави со Елисавета.

41. Штом Елисавета го чу поздравот на Марија, детето во нејзината утроба се размрда. Елисавета се исполни со Светиот Дух,

42. и гласно рече: „Ти си најблагословена од сите жени и благословено е Детето што е зачнато во тебе!

43. Како токму кај мене да дојде мајката на мојот Господ!?

44. Штом го чув твојот поздрав, детево во мојава утроба се размрда од радост!

Прочитајте целосна глава Лука 1