Нов Завет

Лука 1:35-47 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

35. Ангелот и одговори: „Преку Светиот Дух, Кој ќе слезе, ќе те исполни и силата на Севишниот ќе се спушти врз тебе. Затоа и Детето што ќе го родиш ќе биде свето и ќе биде наречено Божји Син.

36. Еве, и твојата роднина Елисавета забремени, иако е веќе во поодминати години. Ја нарекуваа неротка, а еве, таа е сега во шестиот месец на бременост,

37. зашто, за Бог нема невозможни нешта!

38. Тогаш Марија му рече: „Јас Му стојам на услуга на Господ; нека се исполни со мене она што го кажа ти.“ По ова, ангелот си замина.

39. Набргу потоа, Марија побрза кон еден град во планинските предели на Јудеја.

40. Влегувајќи во куќата на Захарија, се поздрави со Елисавета.

41. Штом Елисавета го чу поздравот на Марија, детето во нејзината утроба се размрда. Елисавета се исполни со Светиот Дух,

42. и гласно рече: „Ти си најблагословена од сите жени и благословено е Детето што е зачнато во тебе!

43. Како токму кај мене да дојде мајката на мојот Господ!?

44. Штом го чув твојот поздрав, детево во мојава утроба се размрда од радост!

45. Благословена си, зашто поверува дека ќе се исполни тоа што Господ го кажал!“

46. Марија рече: “Душава моја Го слави Господа;

47. извикува од радост мојот дух, заради Бог, мојот Спасител,

Прочитајте целосна глава Лука 1