Нов Завет

Колосјаните 4:4-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Молете се пораката да ја објаснувам разбирливо, онака како што треба.

5. Однесувајте се мудро спрема оние што не се христијани и користете ја секоја можност.

6. Зборувајте љубезно, умесно и концизно; давајте му умешен одговор на секој што ќе ви постави прашање.

7. Мојот драг пријател Тихик, кој верно работи со нас и Му служи на Господ, ќе ви раскаже се што ве интересира за мене.

8. Го праќам токму заради тоа, да ви каже како сме и да ве охрабри.

9. Со него ќе дојде и вашиот земјак Онисим, кој е наш верен и многу мил брат по вера. Тие ќе ви раскажат за се што се случува овде.

10. Ве поздравува Аристарх. И тој е в затвор со мене. Ве поздравува и Марко, братучедот на Барнаба. Ако дојде кај вас, прифатете го, како што веќе ви пишавме.

Прочитајте целосна глава Колосјаните 4