Нов Завет

Колосјаните 2:8-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Не дозволувајте никој да ве заведува со бесмислено филозофирање и со празни лаги, кои произлегуваат од чисто човечки обичаи, од овоземните принципи, а не од Христос,

9. зашто Бог во целост е присутен во Христос во облик на човечко тело,

10. па и вие сте целосни личности, преку сојуз со Него. Тој е Господар над сите сили и власти.

11. Преку духовно обрежување, Христос ја отстрани од вас вашата грешна природа, исто како што при телесното обрежување се отстранува едно делче од телото.

12. Кога се крстивте, вие всушност се погребавте со Христос, а потоа воскреснавте, бидејќи верувавте во Божјата сила што Го воскресна Христос од мртвите.

13. Вие бевте мртви поради гревовите во вас, зашто вашата грешна природа не беше отстранета од вас. Но Бог ве оживеа, заедно со Христос! Тој ни ги прости сите наши гревови.

14. Бог ја избриша обврзницата со нашите долгови, според чии одредби ние бевме должници. Тој ја зеде и ја уништи, приковувајќи ја на Христовиот крст.

Прочитајте целосна глава Колосјаните 2