Нов Завет

Колосјаните 2:2-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. Целта ми е да ги охрабрам, сплотени во љубов целосно да ја разберат Божјата тајна, а тоа е Христос, за да сфатат какво богатство е човек да ја има таа сигурност.

3. Во Христос се кријат сите ризници на Божјата мудрост и знаење!

4. Ви го кажувам ова за да не дозволите никој да ве разубедува и да ве измами.

5. Иако не сум меѓу вас, постојано ве имам во мислите. Мило ми е што гледам дека живеете уредно и дека вашата вера во Христос е цврста.

6. Вие Го прифативте Исус Христос како свој Господ. Продолжете да живеете во послушност спрема Него.

7. Пуштете корени во Него, од Него црпете, за да растете и да се зацврстувате во верата, онака како што ве учевме. Бидете Му бесконечно благодарни на Господ.

8. Не дозволувајте никој да ве заведува со бесмислено филозофирање и со празни лаги, кои произлегуваат од чисто човечки обичаи, од овоземните принципи, а не од Христос,

9. зашто Бог во целост е присутен во Христос во облик на човечко тело,

Прочитајте целосна глава Колосјаните 2