Нов Завет

Колосјаните 2:2-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. Целта ми е да ги охрабрам, сплотени во љубов целосно да ја разберат Божјата тајна, а тоа е Христос, за да сфатат какво богатство е човек да ја има таа сигурност.

3. Во Христос се кријат сите ризници на Божјата мудрост и знаење!

4. Ви го кажувам ова за да не дозволите никој да ве разубедува и да ве измами.

5. Иако не сум меѓу вас, постојано ве имам во мислите. Мило ми е што гледам дека живеете уредно и дека вашата вера во Христос е цврста.

6. Вие Го прифативте Исус Христос како свој Господ. Продолжете да живеете во послушност спрема Него.

Прочитајте целосна глава Колосјаните 2