Нов Завет

Јован 9:37-41 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

37. Исус му рече: „Оној во Кого гледаш, Човекот со Кого разговараш - тоа е Тој!

38. „Верувам, Господе“ - одговори тој, па се спростре ничкум и Му се поклони.

39. Исус рече: „Јас дојдов на овој свет за да го извршам судот: да прогледаат оние што не гледаат, а да станат слепи оние што самоуверено мислат дека гледаат.“

40. Некои од фарисеите што беа со Него Го слушнаа, па Му рекоа: „Зар и нас не сметаш за слепи!?“

41. Исус им рече: „Да бевте слепи, немаше да бидете виновни, но штом тврдите дека гледате - останувате виновни!“

Прочитајте целосна глава Јован 9