Нов Завет

Јован 9:23-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

23. Затоа неговите родители рекоа: „Тој е возрасен, него прашајте го!“)

24. Така тие по вторпат го повикаа човекот што беше слеп и му рекоа: „Биди искрен пред Бог! Ние знаеме дека Тој човек е грешник!“

25. „Јас не знам дали е Тој грешник“, - им одговори тој - „но, една работа знам: слеп бев, а сега гледам!“

26. На тоа тие му рекоа: „Што ти направи? Како ти ги отвори очите?“

27. „Веќе ви кажав“, - им одговори тој - „но вие не слушате! Зошто повторно сакате да чуете? Да не сакате и вие да станете Негови ученици?“

28. Тие почнаа да го навредуваат, велејќи: „Ти си Негов ученик, а ние сме ученици на Мојсеј!

29. Ние знаеме дека Бог му зборувал на Мојсеј, а не знаеме од каде е Овој Човек!“

Прочитајте целосна глава Јован 9