Нов Завет

Јован 9:20-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

20. Неговите родители им одговорија: „Знаеме дека ова е нашиот син, кој се роди слеп.

21. Но, како тоа сега гледа - не знаеме. Ниту, пак, го знаеме Човекот што му ги отворил очите. Прашајте го него, тој е возрасен и самиот може да зборува за себе!“

22. (Неговите родители постапија вака, затоа што се плашеа од еврејските верски водачи. Причината за нивниот страв беше тоа што еврејските верски водачи се договорија да го исклучат од синагогата секој оној што ќе каже дека Исус е Месијата.

23. Затоа неговите родители рекоа: „Тој е возрасен, него прашајте го!“)

24. Така тие по вторпат го повикаа човекот што беше слеп и му рекоа: „Биди искрен пред Бог! Ние знаеме дека Тој човек е грешник!“

25. „Јас не знам дали е Тој грешник“, - им одговори тој - „но, една работа знам: слеп бев, а сега гледам!“

26. На тоа тие му рекоа: „Што ти направи? Како ти ги отвори очите?“

27. „Веќе ви кажав“, - им одговори тој - „но вие не слушате! Зошто повторно сакате да чуете? Да не сакате и вие да станете Негови ученици?“

28. Тие почнаа да го навредуваат, велејќи: „Ти си Негов ученик, а ние сме ученици на Мојсеј!

29. Ние знаеме дека Бог му зборувал на Мојсеј, а не знаеме од каде е Овој Човек!“

30. „Чудно!“ - им одговори човекот - „Вие не знаете од каде е, но Тој ми ги отвори очите!

Прочитајте целосна глава Јован 9