Нов Завет

Јован 7:22-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

22. Мојсеј ви го воспостави обрежувањето (не дека е од Мојсеј, туку од патријарсите е), и вие и во саботен ден ги обрежувате вашите синови.

23. Штом вршите обрежување во саботен ден и сметате дека со тоа не се прекршува Законот на Мојсеј, тогаш зошто сте бесни на Мене поради тоа што исцелив човек во сабота!?

24. Не судете површно, туку судете справедливо!“

25. Тогаш некои од жителите на Ерусалим рекоа: „Зар не е овој човекот што Го бараат за да Го убијат?

26. А ете, Тој јавно зборува и никој ништо не Му вели! Можеби старешините сфатиле дека Тој е Месијата!?

27. Но сите ние знаеме од каде е овој човек, а кога ќе дојде Месијата - никој нема да знае од каде е!“

28. Додека поучуваше во храмот, Исус извика: “Дали навистина Ме знаете и дали знаете од каде Сум? Јас не дојдов Сам од Себе! Тој што Ме испрати е вистинит, но вие не Го познавате.

29. А Јас Го знам Тој што Ме прати, зашто од Него дојдов.“

30. Тогаш сакаа да Го уапсат, но никој не крена рака на Него, зашто се уште не беше дошол часот што Тој го определи за тоа.

Прочитајте целосна глава Јован 7