Нов Завет

Јован 7:11-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Еврејските верски водачи, пак, Го бараа за време на празникот и прашуваа: „Каде е Тој?“

12. Во толпата народ многу се шепотеше за Исус. Едни велеа дека е добар, а други велеа: „Тој го мами народот!“

13. Но, никој не зборуваше јавно за Него, поради страв од еврејските верски водачи.

14. Кон средината на празникот, Исус се искачи во храмот и почна да поучува.

15. Тогаш еврејските верски водачи се зачудија и рекоа: „Од каде Му на Овој Човек такво знаење, кога никогаш не се школувал!?“

16. Исус, пак, им одговори: „Тоа што го проповедам не сум го измислил Јас, туку произлегува од Бога, Кој Ме испрати.

17. Тој што сака да ја извршува Божјата волја, ќе знае дали ова учење е од Бога, или Јас во Свое име зборувам.

18. Тој што зборува во свое име се обидува себеси да се прослави. Човекот, пак, што настојува да го прослави Оној што Го испратил, е чесен и во Него нема неправда.

19. Зар Мојсеј не ви го даде Божјиот закон? Па сепак, никој од вас не постапува според тој Закон, туку сакате да Ме убиете!“

20. „Ти си полудел!“ - му одговорија од толпата - „Кој сака да те убие!?“

21. Исус им одговори: „Исцелив еден човек во сабота и сите се стаписавте!

Прочитајте целосна глава Јован 7