Нов Завет

Јован 6:64-71 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

64. Но меѓу вас има некои што не веруваат.“ Исус го рече ова, зашто од почетокот знаеше кои се тие што не веруваат и кој ќе Го предаде.

65. Потоа им рече: „Затоа ви реков дека никој не може да дојде кај Мене, ако тоа не му е овозможено од небесниот Татко.“

66. Од тој момент многумина од Неговите ученици Го напуштија и престанаа да одат со Него.

67. Тогаш Исус им рече на Дванаесеттемина: „Ако сакате, можете и вие да си заминете“.

68. Симон Петар Му одговори: „Господе, кај кого да одиме? Твоите зборови носат вечен живот!

69. Ние веруваме во Твоите зборови и знаеме дека Ти си Светецот, Кој ни дојде од Бога.“

70. Исус, пак, им одговори: Нели Јас ве избрав вас дванаесеттемина? Па сепак, еден од вас е ѓавол.“

71. Тоа го рече за Јуда, синот на Симон Искариот, еден од дванаесеттемина, кој имаше намера да Го предаде.

Прочитајте целосна глава Јован 6