Нов Завет

Јован 6:55-63 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

55. Моето тело е вистинска храна и Мојата крв е вистинска напивка.

56. Кој се храни од Моето тело и се напојува од Мојата крв, живее во Мене и Јас во него.

57. Мене Ме испрати живиот Татко, и како што причина за Моето живеење е Таткото, така и оној што се храни од Мене ќе живее заради Мене.

58. Лебот што слезе од небото не е како лебот што вашите предци го јадеа, а потоа умреа; тој што го јаде овој Леб - ќе живее вечно!“

59. Исус ги изрече овие зборови додека поучуваше во синагогата, во градот Кафарнаум.

60. Кога го слушнаа тоа, голем број од следбениците на Исус рекоа: „Тешко е ова учење; кој може да го слуша!?“

61. Свесен дека Неговите ученици мрморат за тоа, Исус им рече: „Зар ова ве натера да потклекнете!?

62. А што, ако Ме видите Мене, Синот Човечки, како се искачувам на небото, каде што бев порано!?

63. Духот е Тој што дава живот, а не човечкото тело. Зборовите што ви ги кажав се од тој животодавен Дух.

Прочитајте целосна глава Јован 6