Нов Завет

Јован 6:31-40 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

31. Нашите предци јадеа мана во пустината, како што стои запишано: ,Бог им даде да јадат леб од небото‘.“

32. Исус, пак, им одговори: „Ве уверувам дека не беше Мојсеј тој што ви даде леб од небото, туку Мојот Татко. И сега Мојот Татко ви го нуди вистинскиот Леб од небото.

33. Зашто, Лебот што ви го дава Бог е Оној што слезе од небото, за да му даде живот на светот.“

34. „Господине“, - му рече народот - „давај ни го тој леб секогаш!“

35. Исус им рече: „Јас сум животодавниот Леб! Оној што доаѓа кај Мене никогаш нема да огладни и оној што верува во Мене никогаш нема да ожедни.

36. Но ви реков дека, иако Ме видовте, сепак не верувате во Мене.

37. Секој што Ми е даден од Татко Ми, ќе дојде кај Мене, а Јас нема да одбијам ниту еден од оние што доаѓаат кај Мене.

38. Јас не слегов од небото за да ја вршам Својата волја, туку да ја вршам волјата на Бог, Кој Ме прати.

39. А волјата на Бог, Кој Ме прати е да не изгубам ниту еден од оние што Тој ми ги даде, туку на крајот сите да ги воскреснам за вечен живот.

40. Волјата на Мојот небесен Татко е: секој што го гледа Синот и верува во Него, да има вечен живот и на крајот Јас да го воскреснам.“

Прочитајте целосна глава Јован 6