Нов Завет

Јован 5:40-45 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

40. Па сепак, вие не сакате да дојдете кај Мене и да примите живот.

41. Јас не сакам слава од луѓето;

42. а вас ве познавам и знам дека во себе немате љубов спрема Бог.

43. Јас дојдов во името на Мојот Татко, а вие не Ме примате. Ако некој друг дојде во свое име, него ќе го примите!

44. Како можете да верувате, кога еден на друг си давате слава, а славата од Единствениот Бог не ја посакувате!?

45. Немојте да мислите дека Јас ќе бидам Тој што ќе ве обвини пред небесниот Татко. Мојсеј - оној на кого се надевате - тој ќе ве обвини.

Прочитајте целосна глава Јован 5