Нов Завет

Јован 5:39-47 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

39. Вие го проучувате Светото Писмо, зашто верувате дека во него ќе најдете вечен живот за себе - а токму таму се говори за Мене!

40. Па сепак, вие не сакате да дојдете кај Мене и да примите живот.

41. Јас не сакам слава од луѓето;

42. а вас ве познавам и знам дека во себе немате љубов спрема Бог.

43. Јас дојдов во името на Мојот Татко, а вие не Ме примате. Ако некој друг дојде во свое име, него ќе го примите!

44. Како можете да верувате, кога еден на друг си давате слава, а славата од Единствениот Бог не ја посакувате!?

45. Немојте да мислите дека Јас ќе бидам Тој што ќе ве обвини пред небесниот Татко. Мојсеј - оној на кого се надевате - тој ќе ве обвини.

46. Да му верувавте на Мојсеј, ќе ми верувавте и Мене, затоа што тој има пишувано за Мене.

47. Но штом не верувате во она што тој го напиша, како ќе верувате во ова што Јас го зборувам!?“

Прочитајте целосна глава Јован 5