Нов Завет

Јован 5:19-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Во одговор, Исус им рече: „Ве уверувам дека Синот не може да прави ништо сам од Себе; Тој го прави само она што го гледа кај Татка си. Тоа што го прави Таткото, го прави и Синот.

20. Зашто, Таткото Го сака Синот и Му покажува се што прави. Тој преку Синот ќе покаже и поголеми дела од ова исцелување, за вие да се чудите.

21. Зашто, како што Таткото ги подига мртвите и ги оживува, исто така и Синот оживува кого сака.

22. Зашто Таткото не суди никого, туку сето право да суди Му Го предаде на Синот,

Прочитајте целосна глава Јован 5