Нов Завет

Јован 5:13-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Излекуваниот, пак, не знаеше Кој е тој човек, затоа што Исус се беше повлекол од толпата народ што беше на тоа место.

14. Подоцна, Исус го сретна во храмот и му рече: „Сега оздраве; не греши повеќе, за да не те снајде нешто уште полошо!“

15. Човекот си замина и им кажа на еврејските верски водачи дека Оној што го исцели е Исус.

16. Поради ова, еврејските верски водачи почнаа да Го прогонуваат Исуса, зашто вакви работи правеше во саботите.

Прочитајте целосна глава Јован 5