Нов Завет

Јован 5:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. По овие случки, по повод еден еврејски празник, Исус се врати во Ерусалим.

2. А во Ерусалим, покрај Овчата порта, има една бања со пет тремови, која на хебрејски се вика Бетзата.

3. Под тремовите лежеа многу болни: слепи, сакати и парализирани (кои очекуваа да се раздвижи водата, бидејќи

4. одвреме, навреме ангел Господов слегуваше во бањата и ја раздвижуваше водата. Првиот што ќе влезеше по раздвижувањето на водата, оздравуваше од каква и да било болест да боледуваше.)

5. Таму имаше еден човек, кој боледуваше веќе триесет и осум години.

6. Исус го виде како лежи и знаејќи дека веќе долго време боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?“

7. „Господине“, - Му одговори болниот - „нема кој да ме спушти во бањата кога ќе се разбранува водата. Додека јас да втасам - друг слегува пред мене!“.

Прочитајте целосна глава Јован 5