Нов Завет

Јован 4:50-54 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

50. „Оди си, твојот син ќе живее!“ - му рече Исус. Човекот им поверува на зборовите што му ги кажа Исус и си замина.

51. Додека си одеше дома го пречекаа неговите слуги и му кажаа дека детето е живо и дека се чувствува подобро.

52. Тогаш тој ги распраша, кога му станало подобро на детето. „Вчера, во еден часот попладне му помина треската“ - му одговорија тие.

53. Тогаш таткото сфати дека токму во тоа време Исус му рече: „Твојот син ќе живее.“ Така тој и целото негово семејство поверуваа во Исус.

54. Ова беше второто чудо што Исус го направи во Галилеја, по враќањето од Јудеја.

Прочитајте целосна глава Јован 4