Нов Завет

Јован 4:43-48 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

43. А по тие два дни Исус си замина оттаму за Галилеја.

44. Претходно Исус беше изјавил дека пророците ги почитуваат насекаде, освен во нивниот роден крај.

45. Кога дојде во Галилеја, Галилејците Го примија, бидејќи беа виделе се што Тој беше направил за време на празникот Пасха во Ерусалим, зашто и самите беа присутни таму.

46. Тогаш Исус повторно отиде во Галилејска Кана, каде што ја беше претворил водата во вино. Таму имаше еден царски службеник, чиј син лежеше болен во градот Кафарнаум.

47. Штом слушна дека Исус дошол од Јудеја во Галилеја, службеникот отиде кај Него и Го молеше да дојде и да го исцели неговиот син, кој беше на умирање.

48. На тоа, Исус рече: „Никогаш не верувате, доколку не видите натприродни докази и чуда!“

Прочитајте целосна глава Јован 4