Нов Завет

Јован 21:3-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Симон Петар им рече: „Одам на риболов!“ „И ние ќе дојдеме со тебе!“ - му рекоа тие, и сите заедно тргнаа со бротчето. Но цела ноќ не уловија ништо.

4. В зори, Го видоа Исуса на брегот, но не Го познаа.

5. Тој им довикна: „Деца, имате ли некоја риба?“ „Немаме“ - му одговорија тие.

Прочитајте целосна глава Јован 21