Нов Завет

Јован 21:21-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

21. Кога Петар го виде тој ученик, му рече на Исус: „Господе, што ќе стане со овој човек?“

22. Исус му одговори: „Ако сакам тој да остане жив додека Јас да се вратам, што ти е тебе грижа? Ти дојди со Мене!“

23. Затоа се рашири глас меѓу Христовите следбеници, дека тој ученик нема да умре. Но Исус не рече дека нема да умре, туку: „Ако сакам тој да остане жив додека Јас да се вратам, што ти е тебе грижа?“

24. Овој ученик е тој што го виде и го напиша ова. Ние знаеме дека тој ја кажа вистината.

25. Исус направи уште многу други работи, но кога сите Негови дела би се запишале во книги, ми се чини дека ни во целиот свет не би ги собрало.

Прочитајте целосна глава Јован 21