Нов Завет

Јован 21:12-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. „Дојдете, јадете!“ - им рече Исус. А никој од учениците не се осмели да Го праша: „Дали си навистина Ти, Господе?“, зашто знаеја дека Тој е нивниот Господ.

13. Исус зеде од лебот и им раздаде, а истото го направи и со рибите.

14. Ова беше веќе третпат како Исус им се појави на Своите ученици откако воскресна од мртвите.

15. Кога се најадоа, Исус му рече на Симон Петар: „Симоне, сине Јованов, Ме љубиш ли повеќе од овие?“ „Да, Господе“, - Му одговори тој - „Ти знаеш дека Те сакам.“ Исус му рече: „Тогаш, храни ги Моите јагниња!“

Прочитајте целосна глава Јован 21