Нов Завет

Јован 20:9-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

9. (зашто тие тогаш не знаеја дека, според Светото Писмо, Исус ќе воскресне од мртвите).

10. Потоа учениците се вратија дома.

11. Марија Магдалена стоеше надвор до гробницата плачејќи. Додека така плачеше, таа се наведна над влезот на гробницата

12. и виде двајца ангели во бело како седат на местото каде што било Исусовото тело: едниот кај главата, а другиот кај нозете.

Прочитајте целосна глава Јован 20