Нов Завет

Јован 20:6-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Кога стигна и Симон Петар, влезе во гробот, па го виде платното како лежи таму,

7. како и погребната шамија која беше употребена за завиткување на Исусовата глава. Шамијата не беше заедно со платното, туку беше одвоено свиткана на едно место.

8. Тогаш влезе и другиот ученик, кој прв дојде до гробот, па виде и поверува;

9. (зашто тие тогаш не знаеја дека, според Светото Писмо, Исус ќе воскресне од мртвите).

10. Потоа учениците се вратија дома.

Прочитајте целосна глава Јован 20