Нов Завет

Јован 20:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Во неделата, уште во рани мугри, додека се уште беше темно, Марија Магдалена дојде на гробот и го виде каменот иставен од отворот на гробницата.

2. Таа со трчање отиде кај Симон Петар и кај другиот ученик, кој му беше љубимец на Исус, па им рече: „Го зеле телото на Господ од гробницата, а не знаеме каде Го преместиле“

3. Тогаш Петар и другиот ученик излегоа и се упатија кон гробот.

4. Обајцата трчаа, но другиот ученик истрча побрзо од Петар и прв втаса до гробот.

5. Тој се наведна и го виде платното како лежи таму, но не влезе внатре.

Прочитајте целосна глава Јован 20