Нов Завет

Јован 16:5-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. „А сега заминувам кај Оној што Ме испрати, па сепак, никој од вас не Ме прашува: ?Каде заминуваш?‘

6. Кога ви го кажав сето ова, срцата ви се исполнија со тага.

7. Но јас ви ја кажувам вистината: во ваша полза е Јас да заминам, зашто додека не заминам, Помошникот, Светиот Дух, нема да дојде кај вас. А штом Јас ќе заминам, ќе ви Го испратам.

8. Кога Светиот Дух ќе дојде, ќе му ја објави на светот вистината за гревот, за Божјата правда и за Судот.

Прочитајте целосна глава Јован 16