Нов Завет

Јован 16:26-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

26. Во тој ден ќе барате во Мое име и не ќе има потреба Јас да Го молам Таткото за вас,

27. зашто, Таткото и Самиот ве сака, бидејќи вие Мене Ме засакавте и поверувавте дека Јас дојдов од Бога.

28. Јас дојдов од Таткото и влегов во светот. Сега заминувам од светот и се враќам кај Таткото.“

29. Неговите ученици рекоа: „Ете, сега ни зборуваш отворено и не се служиш со споредби.

30. Сега знаеме дека Ти разбираш се и нема потреба да Те прашуваме. Поради тоа, ние веруваме дека Ти си дојден од Бог.“

Прочитајте целосна глава Јован 16