Нов Завет

Јован 16:23-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

23. Во тој ден, за ништо повеќе нема да Ме прашувате. Ве уверувам дека Мојот небесен Татко ќе ви даде се што ќе посакате во Мое име.

24. Досега не сте побарале ништо во Мое име. Барајте и ќе добиете, за да бидете наполно среќни.“

25. „Се користев со споредби за да ви го објаснам тоа што сакав да ви го кажам. Доаѓа време кога нема повеќе да се служам со споредби, туку отворено ќе ви кажувам за небесниот Татко.

26. Во тој ден ќе барате во Мое име и не ќе има потреба Јас да Го молам Таткото за вас,

Прочитајте целосна глава Јован 16